Глумецот Мајкл Даглас (73) стана дедо по прв пат во животот.
Неговиот прв син, Камерон Даглас (39) стана татко, кому девојката, инаку инструкторка по јога, Вивијан Тајбс синоќа му роди ќерка.
Среќните родители сеуште не го имаат откриено името на наследничката, но возбудата не ја кријат.
– Моето восхитување кон сите мајќи ширум светот денеска достигна нова висина. Присуствував во магијата, мојата прекрасна девојка на свет го донесе нашето девојче. Толку сум горд на тебе Вибијан Тајбс. Те сакам – напиша Камерон на својот Инстаграм профил.
Инаку, Мајкл Даглас го доби Камерон во бракот со Диантра Даглас, од која се разведе во 2000.гоина, по 23 години брак.