
До вчера, американска актерка, а наскоро и член на британското кралско семејство, Меган Маркл, дефинитивно е жена на ова време.
Бидејќи таа и принцот Хари објавија дека ќе се венчаат во мај следната година, се чека само едно: кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница и како ли само ќе изгледа. Едно е сигурно – израелската дизајнерка Инбал Дрор потврди дека кралското семејство ја контактирало и и најавило дека можеби таа ќе биде онаа чиј потпис че биде на венчаницата за најважниот ден во животот на Меган Маркл, а Дејли Мејл и ТМЗ веќе објавија три скици како би можело таа да изгледа, доколку го задоволи вкусот на оваа во моментот најславна Британка.


