
Иако нема да и биде лесно да се бори со кралските ветерници, Меган Маркл ја покажа тврдоглавоста со која до сега во животот постигна се што сакаше.
Така, сосема е извесно дека во изборот на венчаница, нејзиниот збор ќе биде последен.
Најмладата ќерка на Роберт Кардашијан и Крис Џенер, по неколку месеци шушкање, конечно објави дека го очекува своето прво дете.
“Мојот најголем сон е остварен! Ќе добиеме бебе!” објави Клои Кардашијан на својот Инстаграм профил. Дека очекува дете со своето момче, кошаркарот Тристан Томсон (26), се зборува веќе два месеци, особено откако Клои избегнуваше општествени настани во последно време. На социјалната мрежа која брои повеќе од 70,6 милиони следбеници, таа објави црно-бела фотографија од нејзиното стомаче.
“Тристан, ти благодарам што ме сакаш на начин на кој ме сакаш! Ти благодарам што кон мене се однесуваш како кон кралица! Тристан, повеќе од се, ти благодарам што ме направи МАЈКА”, стои во текстот под фотографијата.
Не е јна дека 33-годишната Клои веќе подолго време сакаше да стане мајка, па дури и во проблематичниот брак со нејзиниот поранешен сопруг Ламар Одом. И додека за Клои Кардашијан ова е прва бременост, Томпсон има едно-годишен син од претходна љубовна врска. Според странските медиуми, заљубениот пар, кој е во врска од септември 2016.гоина, оекува момче.