
Венчавката на принцот Хари и Меган Маркл е закажана за 19.мај следната година, а од Кенсингтонската палата стигнаа и првите овицијални, веренички фотографии од омилениот член на британското кралско семејство и америчката глумица Меган Маркл.
Фотографиите, кои се направени во дворецот Виндзор се дело на Алекси Лубомирски кому пред објективот му имаат позирано и холивудските sвезди како Џулија Робертс и Анџелина Џоли.
Меган позираше во фустан од брендот Ralph & Russo вреден 56.000 фунти.
Црно-белиот портрет на кој младиот пар разменува нежности веќе собра многу позитивни коментари, бидејќи на големо се разликува од вообичаените, многу поформални фотографии.
На фотографијата Меган го милува Хари по лицето и се гледа вереничкиот прстен, кој помладиот брат на принцот Вилијам специјално го дизајнираше за својата идна сопруга од дијамантите кои и припаѓаа на неговата мајка, принцезата Дајана.