Како да го детоксицирате организмот после празниците?

popara22 декември, 20171min00
4

Ако по празниците и богатата трпеза, премногу колачи, торти и месо се чувствувате барем три килограми потешки, летаргично, тромо – не сте единствени.

Ви предлагаме брза и итна детоксикација, начин на исхрана која ќе го закрепне организмот, ќе го согори вишокот на маснотии и тоа само за 72 часа.

 

Оброците се вегетаријански, без месо или само со малку пилешко или месо од мисирка и преставуваат идеален микс на антиоксиданси, протеини, влакна, витамини и минерали.

За да успее детоксикацијата строго почитувајте ги правилата за намирниците и количината што треба да ја консумирате.

Не додавајте шеќер, преливи, сосови, засладувачи. Менито повторувајте го три дена – во круг. За тоа време избегнувајте сокови, алкохол, пијте ги само пропишаните пијалаци.

Вода пијте во неограничени количини. Дури и за време на оброците, а две чаши задолжително половина час пред секој ручек и вечера.

Зелениот чај нека ви стане навика по ручекот, ужината и вечерата.

Предлог мени

Појадок:

Во блендер измиксирајте три четвртини од шоља млеко со мала масленост, половина шоља малини, исто толку боровинки, лажица сурутка во прав со вкус на ванила, четвртина лажиче цимет, 5 коцки мраз. Ако не сакате да го правите овој напиток, во предвид доаѓаат како замена и црниот чај и кафето.

Ручек:

Спанаќ салата. Измијте и обарете колку што сакате спанаќ. Додајте лута пиперка, малку свеж патлиџан, морков, кромид, брокула и репка. За да биде салатата повкусна по желба додајте уште и краставички, печурки, целер. Додајте и половина шоља црвен грав, зачинете со маслиново масло и со неограничена количина оцет (вински или балсамико). На крајот од оброкот изедете црвен или обичен грејпфрут.

Вечера:

Неограничена количина риба на скара или печена. Бакаларот и лососот се идеален избор, зачинете ги со лимонов сок и црн пипер. Како прилог одберете брокула варена на пареа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *