Диетата со супа од домати – 5 килограми за 7 дена!

popara25 декември, 20171min00
8

Диетата трае 7 дена во кои гарантирано ќе намалите најмалку 5 килограми. Какви се правилата на кои се базира оваа диета?

– Треба да јадете супа од домати секој ден во овие 7 дена,

– Треба да пиете најмалку 8 чаши вода секој ден,

– Избегнувајте бел леб, благо, алкохол и газирани пијалоци,

– Треба да јадете 4-5 пати на ден.

Како се приготвува супата?

Шест големи домати, една глава брокули, 2 зелени пиперки, магдонос, една лажица маслиново масло, малку сол и бибер. Ова количество супа е за цел ден.

Ден 1 – Супа и свежо овошје, без банани и грозје,

Ден 2 – Супа и зеленчук на пареа без компири и пченка,

Ден 3 – супа и свежо овошје и зеленчук,

Ден 4 – супа, свеж зеленчук и урда,

Ден 5 – супа и 200 грама риба на скара,

Ден 6 – супа, свеж зеленчук и 200 грама варено пилешко,

Ден 7 – супа, варен ориз и свеж зеленчук.

Диетата ви гарантира 5 килограми помалку, а бидејќи содржи се што ви треба, слободно можете да ја продолжите уште една недела, ако планирате да загубите дупло повеќе килограми. Диета е одобрена од диетолози!