Божиќна магија: Џенифер Лопез како дете се радува на поклоните под елката

popara26 декември, 20171min00
One Voice: Somos Live! A Concert For Disaster Relief - Los Angeles

Латино дивата Џенифер Лопез како вистинско дете со нетрпение го дочека божиќното утро што побрзо да стигне до елката и да види што се добила од Дедо Мраз оваа година…

Еден од поклоните посебно ја израдувал па среќата морала да ја подели со фановите на Инстаграм.

Како голем поборник на здрав живот и вежбање, Џеј Ло е постојано во теретана, на трчање, а за тоа и е потребна и адекватна гардероба.

Нејзината пријателка Нијама Сол, која се занимава со изработка на специјални хеланки за вежбање и тоа од рециклиран материјал, и испрати на Џенифер преполна кутија со различни модели, но и неколку капи. Иако не е гламурозен и прескап, баш тој поклон најмногу ја израдува.

Дури и додека го отвараше фамозниот поклон, убавицата беше облечена спортски, но многу секси. Во припиени хеланки и краткок топ.

“Ја обожавам оваа жена. Таа е толку приземна”, “Изгледаш како мало дете кое отвара поклони”, “Ти си жива кукла”, обожувателите со комплименти и се заблагодарија за интимниот момент кој го подели со нив.