Глумицата Џесика Алба (36) го донесе на свет синот Хејс и тоа на новогодишната ноќ,31.12, последниот ден од старата 2017.година.
Таа веднаш по породувањето го фотографирала бебето и сликата ја објавила на Инстаграм.
– Хејс Алба Ворен. 31.12.2017. Најдобриот новогодишен поклон! Кеш и јас се чувствуваме благословено. Хевен и Онор се веќе опседнати со својот помал брат – напишала глумицата.
Фановите веќе почнале да и честитаат во коментари, а за само 20 минути фотографијата добила повеќе од 120.000 лајкови.
Џесика и нејзиниот сопруг Кеп Ворен (38) во октомври минатата година открија дека чекаат момче, а ова е нејзино трето дете после ќерките Онор (9) и Хевен(6).