Еве зошто некои вагини имаат непријатен мирис

popara2 јануари, 20181min00
7

Непријатниот мирис на вагината се јавува кај речиси секоја жена од време на време. Тоа не секогаш значи не доволна хигиена, иако и ова е една од причините. Прочитајте ги 5 најчести причини.

Бактериска вагиноза

Иако звучи застрашувачки, всушност се работи за вообичаена појава. Ова е најчестата причина за непријатниот вагинален мирис.

Во секоја вагина природно се присутни бактерии, а бактериската вагиноза е всушност преголемото размножување на овие бактерии. Повеќето жени барем еднаш во животот ќе се сретнат со овој проблем. Причинителот е непознат, а под поголем ризик се оние кои имаат незаштитени сексуални односи и премногу често ја мијат вагината. Останатите симптоми се чешање, болка и зголемен исцедок.

Некои облици на бактериската вагиноза сами ќе се повлечат, но се препорачува посета на гинеколог за да се спречат ретките, но сериозни последици. Најчестиот третман е едноставен – антибиотици.

Габични инфекции

Инфекции кои се многу вообичаени, но и многу непријатни. Симптомите се слични како кај вагинозата, плус леплив, бел секрет. Габичните инфекции не бараат антибиотици, наместо нив најверојатно ќе добиете вагиналети.

Иако некои од вагиналетите можете да ги купите без рецепт, при оваа појава потребно е да посетите гинеколог, за да се дознае за какви габи станува збор и кој лек најдобро делува на нив.

Сексуално преносливи инфекции

Некои сексуално преносливи инфекции можат да предизвикуваат непријатен мирис, а најчести се кламидијата и гонорејата. Овие болести се чести, но лесно се лечат, но доколку се игнорираат, може да доведат до сериозни компликации. Многу луѓе не знаат дека ги имаат затоа што ретко се проследени со симптоми.

Најчестите симптоми се болки при мокрење и исцедок со непријатна миризба. Доколку имате некој од овие симптоми, задолжително посетете доктор, а ризикот избегнете го со користење заштита за време на секс.

Воспаление на карлицата

Оваа болест настанува кога бактериите (најчесто сексуално преносливи) патуваат низ вагината до матката. Ова најчесто е резултат на недијагностицирани полови болести, како што е кламидијата. Обично не се дијагностицира додека не се почувствуваат хронични болки или поради неуспехот да се забремени, бидејќи често нема симптоми. Доколку се присутни, симптомите се болки во карлицата, непријатен мирис, засилен исцедок, грозница, замор, болки при сексуалниот однос и болки при мокрењето.

Често се лечи со антибиотици, иако може да остави оштетено ткиво со трајни последици како хронични болки, неплодност или вонматерична бременост.

Лоша хигиена

Можеби причината за лошиот мирис е лошата хигиена. Туширајте се секој ден со топла вода и благ сапун. По користење на тоалетот, добро избришете се со движење од напред кон назад и секој ден менувајте ја долната облека.

Постојат многу производи кои ветуваат дека ќе ве ослободат од лошите мириси, но подобро е да ги избегнувате. Вагиналните гелови за туширање, спрејови, креми, марамчиња – сите нудат наводно исклучителна чистота, но всушност предизвикуваат уште повеќе проблеми. Вагиналните гелови за туширање отстрануваат некои од корисните бактерии, а производите со мирис предизвикуваат иритации.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag