Се вери Парис Хилтон: Јас сум најсреќна девојка на светот!

popara3 јануари, 20181min00
Paris Hilton Appearance

Богатата наследничка Парис Хилтон (36) долго ќе го памти овогодинешното скијање во Аспен поради изненадувањето кое и го подготви нејзиното момче глумецот Крис Зилка.

Кога Крис изненадно клекнал пред неа на снегот и и го покажал вереничкиот прстен, Парис не можела да им поверува на своите очи. Овие радосни моменти ги подели со своите обожаватели, а не штедела ни комплименти на сметка на својот избраник.

– Кажав : “ДА”! Пресреќна сум што се верив со човекот на мојот живот. Тој е мој најдобар пријател и совршен е во секој поглед… Посветен, верен, добар во срцето… Се чувствувам како најсреќна девојка на светот, сите мои сонови се остварија. Ти благодарм што ми покажа дека бајките и понатаму постојат – напишала Парис.

https://www.instagram.com/p/Bdc913pn0MZ/

Парис и Крис се запознале пред осум години, но љубовта ја започнале пред две години. Богатата наследничка тврди дека уште на првиот состанок знаела дека баш тој човекот на нејзиниот живот.

– Во живото не сум запознала некој кој е толку верен, посветен и полн со љубов. Веднаш знаев дека сакам засекогаш да бидам со него – изјавила Парис

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag