Идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл (36) полека стекнува нови пријатели во Лондон, каде неодамна се пресели од Торонто. А една од новите пријателки на списокот е и Викторија Бекам (43).
Меган и Викторија станале многу блиски и постојано се допишуваат. Сопругата на бившиот фудбалер Дејвид Бекам на идната членка на кралското семејство и дала список од сите ексклузивни салони, а Меган во целост и верува.
Модната дизајнерка на холивудската глумица исто така и го препорачала и најдобриот фризерски и козметички салон, каде што се прават ексклузивни третмани, на кои можат да дојдат само оние кои се на список.
Се шушка и дека бившата Спајсица многу сака да ја дизајнира венчаницата на Меган.
– Викторија е многу паметна деловна жена. Свесна е дека доколку ја освои довребата на Меган, тоа ќе значи победа за неа и нејзиниот бренд – изјавил извор.