Имате мали очи кои би сакале визуелно да ги зголемите барем во посебни пригоди? Користете ги овие мејкап-трикови и ви гарантираме дека очите наскоро ќе станат вашиот најдобар атрибут.
1. На внатрешната страна на долниот капак секогаш користете бело или беж-моливче.
2. На самиот корен на носот, на внатрешната страна од капакот секогаш имајте барем малку бело, сребрена или беж-сенка.
3. Не нанесувајте ајлајнер по должината на целиот капак туку само од половината кон надвор.
4. Под веѓите секогаш нанесувајте хајлајтер или малку бела сенка.
5. Секогаш имајте убаво обликувани веѓи.