Цеца Ражнатовиќ на 31 декември пееше во Бања Лука, во клубот „Драма“, во кој повеќе од стотина луѓе ја дочекаа 2018 година со нејзините хитови.
И додека нејзината ќерка Анастасија не беше со неа, туку со друштво, Вељко допатува во Република Српска со мајка си.
Иако таа ноќ на социјалните мрежи не објави никакви фотографии, сепак, на крајот испливаа фотографии со црнокоса девојка, со која го помина дочекот на Новата година.
Една осамна и на „Инстаграм“, која го носи неговото име, а под фотографијата фановите му порачаа дека оваа девојка е поубава од сите кои имал и ги покажал досега.
Сепак, постои и веројатност дека не е во прашање новата „снајка“ туку само другарка со која Ражнатовиќ е многу близок.