Антицелулитната диета има за цел да му помогне на организмот да се ослободи од отровните (токсични) материи. Таа не подразбира намалување на калориите кои ги внесувате, туку храна која може лесно и пријатно да се свари. За оваа диета треба да одберете храна која има енергетска вредност колку што му е потребна на организмот и да обрнете внимание на начинот на подготовка на истата.
Намирници кои се препорачуваат
- Овошје (сирови или во вид на овошен сок)
- Зеленчук (најдобро да биде сиров или варен)
- Салати (зачинети со природно масло, вински оцет или лимонов сок)
- Сокови од зеленчук (свежо приготвени)
- Јајца (варени)
- Јогурт (без додатоци на овошје или житни снегулки)
- Млеко
- Риба или месо од живина (без маснотии, варено или печено без масло)
- 6-8 чаши вода дневно
- Сушен пивски квасец (две лажици помешани со овошен сок кои се пијат 15 минути пред оброкот)
Примери за дневно мени за една седмица
Прв ден
Појадок: Јогурт или кисело млеко, младо сирење и црн леб
Ужина: Овошје или свежо приготвен овошен сок
Ручек: Спанаќ, компир-салата и печена или варена риба
Ужина: Овошје или свежо приготвен овошен сок
Вечера: Варен зеленчук, варено или печено месо и салата
Втор ден
Појадок: Протеински шејк
Ужина: Сладолед
Ручек: Варена зелка и салата (цвекло и морков со лимонов сок)
Ужина: Кафе и интегрален кекс
Вечера: Варен зеленчук, меко варено јајце и салата
Трет ден
Појадок: Свежо подготвен сок од морков и печиво од црно брашно
Ужина: Семки од сончоглед
Ручек: Карфиол, пилешко месо, салата
Ужина: Овошје или свежо приготвен овошен сок
Вечера: Јогурт, свежо сирење, црн леб и салата
Четврти ден
Појадок: Млеко и овесни снегулки
Ужина: Овошје
Ручек: Зеленчукова супа, варен морков и компир, салата
Ужина: Јатки
Вечера: Црн леб, џем и чај
Петти ден
Појадок: Тост од црн леб и варено јајце, јогурт
Ужина: Овошје
Ручек: Потпечен зеленчук и салата
Ужина: Свежо приготвен сок од овошје или зеленчук
Вечера: Риба и салата
Шести ден
Појадок: Сок од овошје или зеленчук, црн леб и младо сирење
Ужина: Овошна салата
Ручек: Соја шницли, блитва и салата
Ужина: Овошје
Вечера: Пица со доматно пире и зеленчук
Седми ден
Појадок: Млеко и црно пециво
Ужина: Салата од домати или сок од домати
Ручек: Џигер и салата
Ужина: Јатки
Вечера: Потпечен зеленчук и салата
Совети
- Никогаш не јадете пребрзо.
- Избегнувајте да јадете додека гледате ТВ или пред компјутер, оброкот нека ви биде мал ритуал.
- Оброците секогаш нека ви бидат во исто време, така ќе постогнете рамнотежа на метаболизмот и подобро функционирање на дигестивниот систем.
- Уживајте во храната, дури и кога си поставувате ораничувања. Употребете ја имагинацијата за да направите интересно и вкусно мени.
- За успешно да се ослободите од целулитот се препорачува и масирање на зафатените места, редовно вежбање (вежби за истегнување или пливање), правилно дишење и што повеќе физичка активност (одење пешки, качување по скали, прошетки на чист воздух).