Лејди Гага влезе во 2018. година разголена, со оглед на тоа дека им ја честиташе на фановите Новата Година во танга.
Новата Година за пејачката одлично почна, а и на своите фанови им приреди вистинско изненадување кога на Твитер објави фотографија на која во прв план е нејзиниот задник.
Позирала во танга-бикини, завземала провокативна поза и… вистински ги почестила сите!
– Среќна Нова Година. За среќа. Здравје. Љубов. И за едноставноста на прекрасната незаборавна природа на животот – напишала Лејди Гага, а многумина прокоментирале дека фотографијата е толку добра, што треба да заврши во музеј.