По што се разликува вистинската љубов од обичната навика?

popara5 јануари, 20181min00
4

Сите ги имаме оние пријатели кои влегуваат од врска во врска и секој пат тврдат дека тоа е вистинската љубов. Истите тие не тераат да се запрашаме – како да ја разликуваме љубовта од обичната навика и врзаност за партнерот?

Никој не може да ја одреди дефиницијата, но проверете во кој дел ќе се пронајдете:

1. Љубовта е страствена, додека навиката е апатична

Велат дека најблиското чувство до љубовта е омразата, што објаснува  зошто по раскинувањето љубовта се претвора во необјасниво мразење.

Кога сте само врзани за некој, не сте во состојба толку да се разбесните. Па затоа, често пати од навика ги затворате очите и не им се препуштате на емоциите.


2. Љубовта е несебична, додека навиката е егоцентрична

Кога сте заљубени, секогаш на ум ги имате потребите на другиот.

Кога се работи за обична навика, само сакате некој да биде покрај вас. И зад се што ќе направите за партнерот, се крие некој вид на задоволување на сопствените потреби.


3. Љубовта бара труд, додека навиката е празна

Вистинската љубов никогаш не е лесна. Можеби ќе си го помислите тоа на прв поглед, но се што е интензивно и трае си бара вложување. Постојано мора да се негува.

Кај навиката ситуацијата е целосно спротивна. Во таа врска не постои ништо што треба да се храни и да расте, се се сведува на неколку гледања и физички контакти.


4. Љубовта разбира ослободување, а навиката посесивност

Кога сте заљубени, не мора постојано да го гледате партнерот за да бидете среќни и сигурни. Никогаш не треба да бидете „залепени“ за да сфатите што тој/таа чувствува.

Кога се работи за навика, не сте сигурни во туѓите емоции и не се чувствувате сигурно дури и кога сте со партнерот. Кога сте раздвоени често се јавуваат сомнежи од типот каде е, со кого и што прави.


5. Љубовта буди сила, навиката – надмоќ

Само вистинската љубов може да ви даде таква сила од која ќе помислите дека можете да направите се што ќе замислите. Таа ви дава нова дефиниција на слободата. Се чувствувате живи и подготвени да го освоите светот.

Кога љубовта ќе прерасне во навика, обично силата преминува во желба за доминација и борба за власт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma