75 доделување на Златните глобуси годинава поминаа во име на пораката „Време е“, каде актерките носеле црни тоалети како поддршка за помош на жртвите од сексуално злоставување во Холивуд. И иако голем дел се придржувале на правилата, овие три актерки решиле да облечат јаки бои за да се изделат од толпата.
Една од нив била Бланка Бланко, која носела црвена тоалета со голем отвор. Таа позирала речиси гола, со својот партнер, 68 годишниот актер Џон Севиџ.
И германската манекенка Барбара Мејер не носела црно. Таа носела раскошна розова тоалета со цветови.
Третата дама која не носела црна тоалета е Мехер Татна, која иако носела беџ за поддршка на движењето, сепак носела црвена тоалета на настанот.