Брзи трикови за слабеење – без диета и вежбање

popara10 јануари, 20181min00
dieting-373665

Сите сакаат да изгледаат витко и здраво, ама диетите се навистина напорни.,а го има и оној непожеле јојо ефект, откако ќе ја прекинете диета. А со брзиот начин на живот и многубројните обврски, едноставно не останува време и енергија за редовно вежбање. Затоа, послужете се со овие неколку едноставни трикови кои ќе ве доведат во форма.

  • Пијте вода – веќе знаете колку е здрава водата, но веројатно не сте помислиле на тоа дека е многу корисна за метаболизмот ако ја пиете во право време. Најдобро е да испиете 1-2 чаши вода, 30 минути пред секој оброк, со што ќе го започнете процесот со метаболизмот, ќе го наполните желудникот и ќе јадете помалку. Овој режим на хидратација, исто така ќе ја намали и потребата за благо и ќе ве спречи да го нападнете ладилникот кога не сте гладни.
  • Обрнете внимание на храната – потрудете се јадењето да ви стане ритуал. Седнете на столица, немојте да брзат и да правите дополнителни работи во исто време. Немојте да размислувате на проблеми, да гледате телевизија или да разговарате на телефон. Посветете се само на вас и на храната што ја јадете. Бидете свесни за она што го јадете и како го јадете. Тоа ќе ви помогне да ја почувствувате храната и да го сфатите моментот на ситост, што ќе ве наведе да јадете помалку. Исто така, потрудете се да јадете колку што можете поспоро.
    Image result for small plate with food and chopsticks
  • Мала чинија и стапчиња – за да не размислувате премногу за големината на порцијата, земете мала чинија и изедете ја само количината која може да ја собете чинијата. Кога користите стапчиња за јадење, јадете поспоро, а тоа ви помага да имате осет колку храна внесувате. Ако имате проблем при држење на стапчињата, тогаш трудете се да користите мал прибор.
    Image result for sleeping
  • Спијте повеќе – не е шега, навистина. Сега имате одличен изговор да останете подолго во кревет, затоа што тоа влијае на вашата исхрана. Ако спиете, не можете да јадете, дополнително добриот ноќен сон има големо влијание врз метаболизмот и хормоните кои се задолжени да останете во добра кондиција. И не е дека не правите ништо, додека спиете вашето тело работи и согорува од 50 до 100 калории на час.
  • Спијте во ладна просторија – се што треба да направите е да ја намалите температурата или да отворите прозорец. Националниот институт за здравје вели дека идеална температура за спиење е 19 степени целзиусови и дека на таа температура телото ги топи непотребните калории за да ја одржува температурата.
  • Посебна храна – не морате да се откажете од вашата омилена храна. Само надополнете ја вашата исхрана со лосос, јајца, јаткасти плодови, маслиново масло, лута пиперка и зелен чај. Тие ќе ви помогнат да го забрзате метаболизмот и да согорувате маснотии. Дури и цитрусните мириси или нане може да ви го намали апетитот, затоа не ги заборавјте.
    Image result for person with forbidden food
  • Заборавете на забраните – ако сакате да јадете колачиња или чоколадо, направете го тоа. Само наместо да изедете три или пет, изедете едно, и наместо да јадете навечер, изедете го наутро за да можете да ги истрошите калориите во текот на денот. Забраните не делуваат добро, бидејќи го зголемуваат нивото на стрес, со што се зголемува бројот на лоши хормони. Дополнително, се обвинувате себе си и се чувстувате лошо што сте ги прекршиле правилата. Затоа, слободно прекршете ги правилата, науката е на ваша страна.
  • Измијте ги забите – нормално дека ги миете забите барем два пати дневно, така што не би требало да е тешко. Створете си навика да ги миете забите по секој оброк. Тоа ќе ве спречи да јадете нешто по оброкот. Прво, храната не е воопшто вкусна по миење на забите, а второ мрзеливи сме да го правиме истото по секое јадење, па ќе се спречиме д ајадеме повеќе од потребното.
    Image result for laughing
  • Смејте се – се обложуваме дека сакате комедии. Според сите истражувања е докажано дека кога се смееме, трошењето на енергија се зголемува за 20%. Освен тоа, добро е и за стомачните мускули.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag