Роналдо побарал од Реал да го продадат за 100 милиони евра или помалку

popara14 јануари, 20181min00
5a47dffb-81e0-4325-ba57-5ac30a0a0a67-ronaldo-preview

Кристијано Роналдо побарал од управата на Реал да ја намалат неговата вредност во клаузулата во неговиот договор на 100 милиони евра или помалку. Откупната клаузула во неговиот пет годишен договор е потпишана во ноември 2016 година и изнесува една милијарда. Наводно, неговите менаџери ги известиле клубовите Пари Сенжермен и Манчестер јунајтед, дека Роналдо сака да го напушти клубот, доколку тоа е потрбно.

Роналдо, побарал од претседателот на Реал, Флорентино Перез, да ја намали неговата реална цена за да можат други клубови да го купат.

Шпанските медиуми навеле дека Роналдно е во лоши односи со претседателот на клубот, а близок извор на Роналдо изјавил дека тие дури не ни разговараат.

Тој наводно, не бил задоволен бидејќи не биле исполнети ветувањата од договорот, за сметка на други фудбалери. Роналдо го предводеше Реал до шшанската титула во Лигата на шампиони и ја освои Златната топка. Поголема плата од него имаат Меси од Барселона и Нејмар од Пари Сенжермен.

Исто така, медиумите наведуваат дека Роналдо е незадоволен од намалувањето на почит на церемонијата на доделувањето на Златна топка во Парис, бидејќи Перез разговарал со Нејмар и му рекол „дека е полесно да ја освоиш Златната топка ако си член на Реал“.

Договорт на Роналдо му истекува летото во 2021 година.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, минатата недела рекол дека Роналдо ја заслужува цела почит за својата заложба за клубот, но за тоа ќе се разговара по паузата во првенството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag