Иако има само 115 жители, оваа оаза успешно се качува на врвот на најубавите туристички атракции во Перу. Во близина на провинцијата Ика, таа го примамува секој патник на Јужноамериканскиот континент, да го совлада предизвикот наречен „пустинско око“.
Местово претстанува мало парче огромна убавина, претставено во облик на пустинско езерце. Освен како гостин, неизмерно прекрасниот предел Ве повикува и како натпреварувач на традиционалните пустински трки. Како туристичка атракција, Ви нуди совршен спој на култното со несекојдневното.
Легендата за ова место раскажува за постоењето на убава принцеза која била грабната…Од нејзините солзи настанало езерото, а прекрасната наметка која во тој момент ја имала, се претворила во песочни дини. Се верува дека истата сеуште постои во облик на сирена. Со цел да се одржува нивото на водата, се превземаат голем број мерки а жителите на ова место, гордо го чуваат своето „око“…Дозволете да ве понесе неговата магија…