Тенисерката Ана Курникова (36) и пејачот Енрике Иглесијас 42) пред еден месец станаа родители на близнаци.
Популарната двојка длучила да ги покаже близнаците Николас и Луси на јавноста, по што објавиле нивни фотографии на Инстаграм.
И двајцата во описот напишале „Моето сонце“, без да ги нагласат имињата.
Енрике и Ана се во врска 16 години и отсекогаш се таинствени кога станува збор за приватниот живот, па за нејзината бременост воопшто и не дознавме пред да се породи.