После повеќе од две децении истражувања и напорна работа на усовршување на диети и методи на детоксикација, нутриционистката Ен Луис Гитлемен повторно им нуди убави вести на обожавателите на здравиот живот, овој пат осмислувајќи детоксикациски план кој вклучува чудотворен пијалок за брза детоксикација, особено пријатен за здравјето на црниот дроб.
Пијалокот има црвена боја, а негови основни состојки се брусницата, ѓумбирот и лимонот. Овој пијалок ќе го прочисти црниот дроб од различни токсини и на тој начин ќе ја подобри целокупната работа на организмот.
Имено, црниот дроб е внатрешен орган кој ја прочистува крвта, ги регулира шеќерите во крвта и произведува протеини во организмот. Секоја чаша вино, кафе или каков било облик на индустриски произведена храна на црниот дроб му создава притисок и го полни со најразлични токсини. Затоа, не дозволувајте прерано да останете без овој орган и посегнете по овој благотворен пијалок кој за момент може да ви го промени животот во позитивна смисла.
При самиот процес на детоксикација со овој пијалак, потребно е во процесот да се вклучи и седумдневен план за исхрана, преку кој ќе го исчистите и дебелото црево од непотребните токсини и материи. Осмиот ден е резервиран за пост кој вклучува исклучиво консумирање на вода во комбинација со чудотворниот пијалок. После испирањето на нечистотиите следува тридневно прилагодување и враќање во нормала, а за таа цел ќе ви помогне внесувањето на овошје и зеленчук во организмот кој ќе ви ја поврати силата и енергијата.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 2 литри вода од брусница
- ½ лажичка цимет
- ¼ лажичка морско оревче
- ¾ лажичка свежо исцеден сок од портокал
- ¼ лажичка исцеден сок од лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете ја водата од брусница, а потоа ставете ја на тивок оган за да зоврие. Потоа, додадете ги зачините и сето тоа измешано заедно оставете го да отстои околу 15 минути на собна температура. Ставете ги на крај и сокот од портокал и сокот од лимон и оставете ја сега целокупната смеса да отстои некое време во ладилникот.
Тајната на овој чудотворен пијалок се крие во сокот од брусница кој претставува вистинска витаминска бомба во борбата против маснотиите.