Речиси сите знаат кои се предностите на лукот но за оваа чудесна билка постојат уште многу информации кои е корисно да се знаат
Покрај сите познати факти, постојат и многу информации и откритија за лукот кои ќе ви помогнат подобро да го разберете и паметно да го искористите.
- Сиров, свежо исечкан или мелен лукот има најдобро дејство врз здравјето. Ако не можете да го поднесете неговиот мирис и морате да го варите, тогаш ќе мора да употребите четири ипол главици за да има еднакво дејство.
- Од непријатниот мирис по конзумирањето на лукот може да се ослободите ако испиете сок од лимон или ако изедете неколку парчиња лимон, а за истата намена може да послужи и шолја чај од нане.
- Ако лукот го нанесеме на рана, таа побрзо зараснува. Во текот на Првата светска војна оваа метода била многу често користена од британските војници.
- Исечканиот лук кога ќе го втриеме на саканото место, може да излекува чир. Тајната е во моќната состојка алицин заради чие присуство лукот е еден од најдобрите антиоксиданси.
- Кога ќе пушти никулци лукот губи некои од своите здравствени предности, но и понатаму може да се користи.