Состојки:
- 2 јаболка
- 150гр ореви
- 250 мл слатка павлака
- 250 гр крем сирење со благ вкус
- 2 лажици шеќер во прав
- 1 кесичка ванилин шеќер
- сок од лимон
Приготвување:
Јаболката исечкајте ги на парчиња, па прелијте ги со сок од лимон за да не потемнат.
Изматетего сирењето со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, а во друг сад изматете ја слатката павлака. Додадете ја павлаката во сирењето, матејќи со движење од горе на долу.
Оревите исечкајте ги крупно, па распоредете ги во чашата. Одозгора ставете јаболко па крем. Наполнете ја чашата до врв, со повторување на слоевите додека не се потрошат состојките.