Српската поп-дива Јелена Карлеуша објави на својот твитер-профил фотографија од пред неколку години.
Облечена во танга-гаќи и со пиштол во рацете, под фотографијата напишала „mood“.
Фотографијата предизвика лавина коментари меѓу навивачите на турскиот Бешикташ, клубот во кој нејзиниот сопруг Душко Тошиќ веќе некое време е омилен фудбалер.