Познатата американска манекенка и реалити шоу ѕвезда, Кајли Џенер на Instagram сподели дека на 1 февруари родила девојче.
20-годишниот модел не даде многу информации за нејзината бременост и им се извини на своите фанови за ова.
Таткото на бебето, кое се уште нема име, е 25-годишниот рапер Травис Скот. Тие се заедно од минатата пролет.
Џенер е претставничка на познатото американско семејство Кардашијан-Џенер од кое потекнува и 37-годишната Ким Кардашијан.
Џенер е најпозната по реалити шоуто „семејството кардашијан“, кое вклучува и други членови на семејството.