ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*40гр шеќер
*550гр брашно
300гр вода
*1 лажиче мед
*5 јајца
*300гр путер (стопен)
*1 ванила
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ги разделуваме белките од жолчките во две одделни чинии.
Во една чинија ги матиме белките со половина шеќер додека станат снег.
Во другата ги матиме жолчките со останатиот шеќер и на крајот им го додаваме растопениот путер. Продолжуваме да матиме додека не се добие кремаста смеса, а пота малку по малку ја додаваме водата.
Добиената смеса ја мешаме со изматените белки, и продолжваме да матиме, но со пониски вртежи.
Го мешаме брашното заедно со ванилата, го додаваме во смесата и повторно добро мешаме. На крајот го додаваме и медот. Добиената готова смеса треба да биде со густина на боза, за да може полесно да се истури во тавата за печење.
Вафлите ги печеме во силно загреана и нежно подмачкана тава.
Гарнираме со плод по избор.