
Во Музејот за современи уметности, во главниот град на Аргентина, ангажирани биле близнаци за експеримент во кој посетителите го оценувале впечатокот што го добиле. Биле идентично облечени, а единствената разлика е во тоа што едниот од нив имал гума за џвакање во уста.
Од 481 учесници во експериментот, 73% го избрале за попривлечен близнакот кој џвакал мастика. Со тоа се побива митот дека џвакањето мастика остава лош впечаток, напротив дава поопуштен и позитивен изглед на луѓето.