Frank и Louie е најстарата мачка со две лица на светот, а од неодамна неговото име е запишано и во Гинисовата книга на рекорди.
Frank и Louie е мачка која е родена со генетска деформација поради која има две лица. Оваа состојба е предизвикана од синдромот наречен Janus.
Мачките со две лица или Janus мачки го добиле нивното име според римскиот бог Janus, богот на времето и промените, кој обично се прикажува со две лица, од кои едното гледа на исток а другото на запад, едното во минатото а другото во иднината.
Мачките родени со овој синдром најчесто живеат само неколку часа и поради тоа Frank и Louie е посебен. Имено, влакнестиот миленик на една жена од Massachusetts овој месец наполнил 12 години, станувајќи најстарата Janus мачка на светот. Поради тоа е и запишан во Гинисовата книга на рекорди.
Овој необичен мачор има две усти, два носа две функционални очи и едно нефункционално и еден мозак. Неговата сопственичка на локалната радио станица кажала дека мачорот се однесува повеќе како куче, дозволува да го води на ланец и ужива во возењето со автомобил.