Во минатото ги учеле девојките на одредени манири и начини на однесување, но денес сето тоа треба да го учиме сами, од своите грешки или од грешките на другите.
Некои од вас сигурно веќе знаат колку е важно ако не и пресудно однесувањето на една жена што се однесува на мажите. Знаете ли што треба да прави, а што не, една жена за да има успех кај мажите?
Како прво и најважно, категорично не треба да имате секс на првата средба. Дури и многу да сакаш, дури и многу да те молат. м=Мажите се ловци и нема да трчаат повеќе по „пленот“ што лесно го уловиле. Банално, старомодно, но е факт!
Не смееш да му се јавиш веднаш после средбата, ако се уште не се познавате добро. Подобро направи пауза и чекај тој да биде тој што прв ќе те бара.
Не треба недвосмислено да му предложиш средба или отворено да му се наметнуваш. Се што правиш треба да е деликатно и добро обмислено.
Не треба периодично да го заплашуваш со прекратување на врската за било каква ситница. Еден ќе издржи пет пати, друг ќе исчезне уште на третиот пат.
Не треба да го сметаш за единствената светлина во животот и да си го уништуваш сопственото расположение и тоа на другите со постојани воздишки, заборавајќи на својата цена.
Не треба да го чекаш моментот, кога тој ќе реши да го прекине телефонскиот разговор, труди се секогаш ти да се збогуваш прва.
Не треба да мрмориш кога си со него, како да си му мајка или сопруга. Не си дозволувај да го гушиш и подчинуваш. Дури и кога му противоречиш, треба да го запазиш чувството на хумор и некаква дистанца.
Верувајте дека се што ќе влошите во себе како градење на карактер и достоинство, наскоро ќе биде наградено со прекрасна врска и брак!