Затегнете ја кожата на лицето со помош на маска од портокал

popara20 февруари, 20181min00
6

Оваа неверојатна, многу позитивно дејствувачка маска од портокал, која ќе ја затегне вашата кожа на лицето, едноставно може да ја направите дома и да ја нанесувате секој ден.
Портокалот е богат со витамините Б и Ц, како и калиум, калциум, фосфор, манган, цинк кои се едни од најважните антиоксиданси во природата. Маската за лице од портокал не само што ќе исчисти вашата кожа, ќе и даде свеж изглед туку и ќе ги исправи борите на вашето лице.

Ќе ви биде потребно
1 портокал
2 лажици глина во прав (можете да ја купите во најблиската аптека)
Минерална негазирана вода
Пола капаче ACIDI BORICI или вода од рози – течност која помага за намалување на отоци од удари, болки во мускулите ( можете да ја набавите во најблиската аптека)

За почеток во сад ставете ја глината во прав (садот не смее да биде од метал, а лажичката со која ќе мешате нека биде дрвена или пластична). Потоа додадете го исцедениот сок од портокал и оставете да дејствува 30 минути (ова е доста важно за да не добиете згрутчување на глината). По 30 минути измешајте ги состојките додека не добиете компактна маса која може да ја нанесете на лицето и вратот. По нанесувањето оставете да дејствува 20 минути. Потоа на парче памук ставете минерална вода и исчистете го лицето. На крај намачкајте го лицето со ACIDIBURICI.
Оваа маска може да ја користите секој ден.
Ефектот е неверојатен и забележителен по неколку третмани!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag