Плејбој зајачицата Карен Мекдугал тврди дека имала афера со претседателот Доналд Трамп, но сето тоа било заташкано од страна на медиумите.
Карен изјави дека Трамп уште од првиот состанок и делел комплименти, а толку бил очигледен што го забележал тоа и нејзиниот шеф.
– Бев многу нервозна. Ми се допадна неговата интелегенција и шарм, беше многу пристоен. Разговаравме неколку часа, а потоа завршивме голи во кревет – вели таа.
Таа изјави дека била запрепастена откако Трамп и понудил пари после сексот.
– Го погледнев и му реков дека не сакам пари, не сум таква девојка. Водев љубов бидејќи ми се допадна, а не поради пари, а тој ми одговори дека сум посебна – раскажа Карен.
Исто така тврди дека едно познато списание платило околу 100.000 евра за екслузвни права за објава на приказната, но никогаш не ја објавиле.
Карен вели дека и покасно се состанувале со Трамп многу често. Тврди дека секогаш се состанувале во ист хотел, вечерале, а потоа се воделе љубов.
Според нејзините зборови тој ја запознал и со членовите на семејството.
Неговиот адвокат за оваа афера наводно и платил 100.000 евра за да молчи порно ѕвездата.
– Ова е стара приказна и лажна вест. Претседателот никогаш не бил во врска со Мекдугал – изјави неговиот портпарол.