Аца Лукас се смета за еден од пејачите кои имаат мошне успешна музичка кариера. За него се зборува дека со својата музика знае да направи добра забава за своите обожаватели, но често е и мета на негативните озборувања.
Во неодамнешно интервју за Hit тој реши да се огласи за лошите коментари во врска со него.
-На луѓето им е криво што не можат да живеат супер како мене, па постојано тресат глупости за мене. Дека се дрогирам и претерувам. Замислете ја таа завист која одредени личности ја имаат кога гледаат дека мене ми е убаво. Всушност, јас многу добро живеам и нема да се менувам само за луѓето да добијат убаво мислење за мене, објасни турбофолкерот.