Медот изобилува со шеќери, минерали, ензими и витамини (Б1, Б2, Б6 и Ц). Има благо антибактериско дејство и е идеален за чувствителната кожа на главата и кожа склона кон првут и акни.
Тоник за чистење на лице – Измешајт 100мл. слатка павлака, лажичка сок од лимон и лажичка мед. Мешавината нанесете ја на лицето, вратот и деколтето. Оставете ја да делува пет минути, а потоа измијте ја со млака вода.
Сладок балзам за испукани усни – Медот е идеален лек за испукани усни. Намачкајте ги со мед, оставете ги пет минути, па излижете го. Белковините и витамините ќе продрат под тенката кожа на усните и ќе ги омекнат.
Маска за смалување на пори – Измешајте три лажии јогурт и сок од половина лимон. Нанесте на челото, носот и брадата, како и на делови со проширени пори. Оставете го околу 30 минути да делува, па измијте се со млака вода. Така ќе ги чистите и намалите порите.