Откако се породи на 1. фебруари и на свет донесе девојче (Сторми), сите ги пратат објавите на Кајли Џенер на социјалните мрежи.
Веќе долго време се шушка дека припадничката на кланот Кардашијан- Џенер од своето момче Тревис Скот, кому му го подари првото дете, добила скапоцен и вреден подарок, но никој не можеше да претпостави што би можело тоа да биде.
Кајли реши да не ги чува во неизвесност своите фанови, па на социјалните мрежи објави дека се работи за скапоцен автомобил. Како што пишуваат странските портали, се работи за Ферари, и тоа модел кој е направен во само 500 примероци а неговата цена изнесува 1,4 милиони долари.
Погледнете за што станува збор:
https://www.youtube.com/watch?v=DcpYj5Sbk7o