Кежуал изгледот, осносно леженоста во модата, многумина ја мешаат со неуредност, парталавост и демоде изглед. Таа е спротивност од тоа.
Секојдневниот изглед меѓу другото значи ред во хаосот, микс на чиста, удобна и умешно комбинирана облека, која не влегува во строгиот бизнис-изглед или свечениот дрес код, но во која може да изгледате пристојно.
High Street брендовите посебно внимание посветуваат на веќе добро искристализираниот стил (кежуал), создавајќи елегантни и модерни креации, кои нудат лежерно, но не и хаотичност.
По имплементирањето на широките кошули (позајмени од машкиот ормар), памучните фустани и чевлите со ниски потпетици, љубителите на опуштениот имиџ, кои мора да се придржуваат кон бизнис дрескодот, оваа сезона уживаат и при изборот на удобни панталони.
Покрај тричетврт моделите со патент, што се голем хит во канцеларискиот изглед, сега може да изберете и широки панталони во стилот на 70-тите години.
Идеални се за комбинирање, можете да ги споите со кожула, поелегантна свилена блуза или палто за во канцеларија, со топ од тантела или корсет за вечерен изглед или пак со маица со пруги или некој друг принт по прерамки или куси ракави, за секодјневен изглед.