Можеби Фебруари има најмалку денови, но оваа година има и една ексклузива која долго се чекаше! Лепа Брена го претстави спотот за песната “Среќна жена”.
Она што е интересно во врска со овој спот е тоа што ова е е најскапиот спот на Лепа Брена работен на неколку локации во светот – освен во Белград , се снимало и во Лондон, Њујорк, Швацарија, Истанбул, Малдиви.
Во спотот се појавуваат 13 пејачки и сите до една се со ист стајлинг, така да во првите неколку минути ќе ви биде тешко да погодите која е вистинска Лепа Брена!