Емина Јаховиќ пред неколку недели објави дека се разведува од Мустафа Сандал, а во јавноста се појавија нејзините пораки со бившиот дечко Марко Мишковиќ, со кого некогаш беше во емотивна врска, а кој сега е во брак со пејачката Јована Николиќ.
Емина и Марко беа во врска пред повеќе од 10 години, а сега како што се пишува, емоциите повторно се јавиле.
Како што пренесуваат српските портали, Марко е спремен заради Емина да се разведе од пејачката Јована Николиќ.
“Никогаш повеќе нема да те пуштам. Ќе се борам за нашата љубов. Ќе се разведам во следните шест месеци, а за една година сите ќе знаат дека сме повторно заедно”, пишувало во пораката која Мишковиќ и ја испратил на сојата поранешна љубов.
На што Емина одговорила:
“Така е најдобро. Мораме да внимаваме на децата и нивните емоции”.