
Во густиот распоред оклу кралскиот ангажман и плановите за венчавка со принцот Хари, Меган Маркл пронајде време и за уживање со пријателките.
Имено, таа направи вовед во својата моминска вечер, а вистинската забава се очекува неколку недели пред венчавката која е закажана за 19.мај во дворецот Виндзор.
Женското дружење беше одржано минатиот викенд во предградието на Лондон во престижниот спа центар каде глумицата често оди на релаксација.
Странските медиуми пренесуваат дека на забавата била и модната дизајнерка Миша Нану, која, како што се зборува ги запознала идните малденци.
Големата забава за моминската вечер Меган ќе ја приреди во еден лондонски ресторан.