Адриана Лима повторно е „сингл“.
Иако нејзината врска со Метин Хара, турскиот Њу Ејџ гуру, изгледаше многу силна минатиот ноевмри, кога Лима објави на својот Инстаграм профил: „Точно денес пред 5 месеци ја запознав/избрав својата љубов. Почеток на нов почеток “.
Но, со оглед на тоа колку кратко траеше врската, изгледа дека тоа беше само почеток на крајот.
Лима, која е инаку мајка на две дечиња, подолг период од февруари помина во Рио де Жанеиро, за време на карневалот. На Денот на вљубените таа објави пост на Инстаграм преку кој ја величеше силата на жените. А на забавата на Оскарите, се појави без придружник.
Меѓу минатите љубови на топ моделот се вбројуваат и Лени Кравиц, српскиот професионален кошаркар Марко Јариќ, Дерек Џитер, бејзбол ѕвездите Џулијан Еделман и Мет Харви.