Познатиот велосипедист Дени МекАскил кој живее за дозата адреналин, сними ново видео за еден ден стигна до повеќе од милион прегледи.
Станува збор за вистинска уживанција за сите љубители на природата, со оглед на тоа дека видеото е снимено на планините на островот Скај во Шкотска, од каде што и потекнува Дени.
Гребенот по кој решил да вози со велосипед е исклучително тежок, а теренот е предизвикувачки дури и за пешачење.
МекАскил сепак по овој опасен предел вози со својот велосипед, а ако имате вишок 7 минути, погледнете го ова прекрасно видео.