Поп-фолк пејачката Анабела Атијас на, 12 март 2018, била физички нападната во Белград поради расправија за паркинг. Пејачката, наводно, се расправала со непознат човек околу едно паркинг место, па потоа повикала полиција. Како што тврди пејачката, потоа непознатиот ја удри, а подоцна е констатирано дека имала и гребнатини.
„Дошло до кавга околу паркинг место во улицата Лука Војвода, број 18j. МВР го повикал возилото за брза помош, но пејачката не е префрлена во болница, иако сепак претрпела помали повреди“- дознал српски “Блиц” од амбулантната екипа. Кој бил виновен, кој е идентитетот на насилникот и дали пејачката ќе поднесе кривична пријава… засега нема детали!