Патот до здраво и убаво тело не е ни најмалку лесен ,а при тоа бара многу одрекувања. Ние ви нудиме пет начини како да ги преполовите калориите кои ги внесувате ,а при тоа да не го доживеете тоа толку трагично.
Најпрво, водете дневник за тоа што сè внесувате. Некои луѓе не се ни свесни за тоа колку храна внесуваат, па затоа ова е идеален начин да станат свесни.
Направете промена на вашата исхрана. Моногумина од нас кога ќе изедат некоја “лоша” храна чувствуваат грижа на совест. По едно чоколадо или омилениот чипс на кои не може да им одолеете, се јавува грижата на совест. Но, немојте да размислувате така. Не е на одмет некогаш да си дозволите мал прекршок, но бидете реални па веднаш потоа обрнете им особено внимание на овошјето и зеленчукот. Така ќе го прочистите организмот од калоричната храна.
Зголемете го внесувањето на житарици. Освен житарици со млеко и јогурт дозволено е и да внесувате и леб со житарки. Но, практикувајте тоа да биде црн леб со цели парчиња житарици.
Јадете повеќе немасно месо. Ако сте зависник од месо, а особено мрсно, треа да го промените тоа полека. Не правете го тоа набрзина затоа што така телото ќе доживее шок и нормално ќе чувствувате одбивност кон останатото кое ви се наложува. Постепено менувајте, од масно месо почнете да јадете мисиркино, па пилешко и риба.
Омилениот сладолед заменете го со немасен јогурт. Нема нешто поубаво од вкусен сладолед во лето. Но, сте пробале ли на негово место да јадете немасен овошен јогурт кој е добро илзаден?
Наместо газирани сокови: исцедете природен сок и размешајте го со минерална вода, односот на почетокот нека биде пола пола. Постепено намалувајте ја водата така што на крајот ќе се научите да пиете само свежо исцеден сок. Калориите значително ќе се намалат.