После 13 години брак: Се разведува синот на Доналд Трамп

popara16 март, 20181min00
12

Доналд Трамп Јуниор и неговата сопруга Ванеса се разведуваат после повеќе од 12 години поминати во брак.

 

Во официјалното соопштение, напишаа дека донеле заедничка одлука да тргнат по посебни патишта во животот.

„Секогаш ќе имаме огромна почит еден кон друг и кон нашите семејства. Имаме пет прекрасни деца и тие ќе бидат наш приоритет. Ве молиме за приватност во овој период“, напишаа тие.

Заедничката изјава објавена е после неколку часа, откако медиумите веќе почнаа да пишуваат за тоа дека Ванеса Трамп ги пополнила документите за развод на судот во Менхетен, барајќи развод од синот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ванеса порано работеше како манекенка во Њујорк и беше учесничка на изборот Мис на САД во 2004 година. За Трамп Јуниор се омажи во ноември 2005 година, а церемонијата била одржана во Флорида.

Извор близок до парот, вели дека тие веќе долго време не живеат заедно.

„Дури и пред кандидатурата на Трамп за претседател тие не беа во добри односи“, изјави изворот за магазинот People.

Куќата во Менхетен и останала на Ванеса и децата, а синот на Трамп живее во Trump Organization, заедно со помладиот брак Ерик.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag