Внесете свежина на лицето со бел акцент на очите

popara20 март, 20181min00
3

Ако веќе ви здодеаа сите класични и стандардни шминки, тогаш внесете свежа нота во својот мејкап со нијансите на белата боја.

Кога употребувате бели сенки за очи многу е важно тие да не се разликуваат драстично од природната боја на вашата кожа.

Како и со секоја друга шминка и со оваа треба да се внимава. Но ако успеете правилно да ја користите тогаш ви гарантираме едно – многу свежина на лицето во зима. Ако кожата ви е бела можете да комбинирате со светли и едноставни нијанси на розовото.