Бившата Плејбој зајчица која тврди дека била во љубовна афера со Доналд Трамп, на новинарот на SNN детално му го опиша нивниот однос. Седејќи пред камерите, таа ја отвори душата, а неколку пати дури и заплака.
Таа рече дека била заљубена во Трамп и дека имале прекрасен однос. Тврди и дека тој постојано и изјавувал љубов.
Бившата зајчица вели дека со најмоќниот човек на САД спиела веќе на првиот состанок.
– Откако бевме интимни ми понуди пари. Незнаев како да реагирам. Сигурно изразот на моето лице бил тажен. Се беше толку тажно. Потоа плачев во кола – Изјавила Мекдугалова, како и тоа дека му кажала на Трамп дека таа не е “таква девојка”.
Со солзи во очите ја прераскажала својата ситуација кога Трамп наводно ја одвел во неговиот стан, покажувајќи и ја спалната соба во која спие Меланија.
– Спиеа во одвоени соби, тоа ми беше чудно, но помислив дека можеби имаат проблеми – изјавила Мекдугалова истакнувајќи дека и било многу тешко да влезе во домот на оженет човек чија жена штотуку се породила.
– Едвај чекав да излезам надвор. Да правиш нешто лошо е едно, но да го правиш тоа лошо во нејзиниот дом, во нечиј кревет… Срцето ми се стегна – рекла Мекдугалова задржувајќи ги солзите.
Исто така, таа изјавила дека чувствувала вина, но и покрај тоа останала во врска со Трамп уште неколку месеци.
Бившата зајчица рекла дека Трамп не е онаков каков што се претставува во медиумите, туку дека е многу шармантен и вистински џентлмен.
Белата куќа повторно ги негираше тврдењата на Мекдугалова и истакна дека тие се лажни.
Former Playboy model Karen McDougal's message to Melania Trump on alleged: "I'm sorry … I wouldn't want it done to me" https://t.co/QJx5Amp7bF pic.twitter.com/uwoMdLC9sy
— Anderson Cooper 360° (@AC360) March 23, 2018