Откако во јавноста стигна инфромацијата за тоа дека фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ се повлече во медиска илегала поради зафат со кој се ослободила од имплантите кои ги имала во градите, многумина едвај чекаа пејачката да се појави на настан од јавен тип.
Кога тоа се случи, сите погледи беа вперени токму во нејзиното деколте.
Социјалните мрежи веднаш беа затрупани со комплименти на сметка на Цеца, а многумина го пофалија овој нејзин потег, со истакнување дека се надеваат дека ова ќе покрене нов тренд, па дека многу нејзини колешки ќе го следат овој пример.