Пејачката Северина Којиќ во рамките на својата програма имаше концерт во Сплит. Во таа прилика истакна дека поддршката е важна во многу ситуации како што било и за неа во 2004 година кога излезе секс видеото на јахта.
– Поддршката е важна, јас тоа го знам од својот живот. Имено, имаше лоши ситуации и не сакам да зборувам за нив. Но имаше и духовити моменти за најлошото во животот на една жена. Се појави тој филм, а јас уште сум уверена дека тоа никој никогаш не го гледал – вели Северина.
Кога се нашла во таква ситуација, следела и неочекувана порака од еден нејзин колега.
– Во таа ситуација луѓето ќе ви пружат поддршка, добив илјадници пораки, но една ми остана во сеќавање. Ме побара Арсен Дедиќ и ми кажа: „Колешке, јас слушнав дека имате некој филм, но немате музика, па да се препорачам – додава Северина низ насмевка.