Се чини дека Клои Кардашијан ниту во благословена состојба нема мир.
Иако останаа само неколку дена, а можеби и часови, до моментот кога на свет ќе ја донесе својата ќеркичка, нејзиниот избраник Тристан Томпсон (27) се погрижи немирот повторно да завладее со нејзиниот живот.
Имено, како што пренесуваат странските медиуми кошаркарот бил фатен како се бакнува со непозната девојка во еден клуб во Њујорк.
А како доказ се појави и видео снимка каде се гледа дека избраникот на Клои Кардашијан навистина се прегрнува и бакнува со непозната бринета.
Дека видеото не е единствен доказ, жената која што го снимила дала изјава дека тоа дефинитивно бил кошаркарот.
– Бев таму, а тој седеше на масата до нас со група пријатели и некоја девојка со која отворено се бакнуваа цела вечер. Беше очигледно – изјавила таа.
Да подсетиме, ова не е прв пат Клои да биде изневерена, слично искуство и неверство и приреди и бившиот сопруг Ламар Одом.