Сопругата на принцот Вилијам роди здраво машко дете и според официјалното соопштение од Кесингтонската палата се наоѓа во добра здравствена состојба.
Како кралицата, така и преостанатите членови на кралското семејство се известени за породувањето, па веќе испраќаат честики до Кејт и Вилијам.
Новородениот син е петти во линијата за наследување на британскиот престол, по својот дедо Чарлс, таткото Вилијам и малите Џорџ и Шарлот.